Пролетна забава во Комплекс Ветрило

28 Mar, 2019

Во сабота на 30.03.2019 година од 13 до 16 часот Интерсофт Скопје организира забава од отворен карактер за сите кои сакаат да поминат неколку часа на сонце и чист воздух.

За тимот на Интерсофт беше вистински предизвик да се направи нешто поинакво. Комплексот Ветрило од идеја до реализација е толку посебен, толку детално осмислен, толку ко за своја душа граден и затоа приказната за Ветрило се раскажува со многу ентузијазам и како на пријатели.

забава во ветрило 1.png

На забавата, освен што ќе се уверите со свои очи во предностите на живеење надвор од Скопје, ќе ги видите сите бенефити и можности кои се нудат во веќе готовите куќи во комплексот ќе имате можност да дознаете и сѐ во врска со применетите стандарди за градба, изолација и енергетска ефикасност.

Во рамки на трите часа предвидени за разглед и дружење посетителите ќе имаат можност да се запознаат со сите соработници кои го олеснуваат патот до нов дом.

Силк Роад Банка и Прокредит Банка ќе понудат можности за финансирање со поволни станбени кредити како и атрактивни кредити наменети за уредување и опремување на домот.

Соработниците на Интерсофт, Мидеа за греење и ладење, Лекс Електрик за осветлување и инсталации, Алекс Дизајн за мебел и ентериер ќе бидат на едно место да ги споделат информациите околу услови за плаќање, идеи и попусти за целосно уредување, можности за рати, проекции на системи за греење и ладење итн. со цел остварување на желбата за свој дом.

Пролетната забава во Комплексот Ветрило вклучува музика, храна, дружење на сонце и чист воздух. Не ви треба ни влезница ни резервација сѐ што треба да понесете е добро расположение.

Следи ИЗНЕНАДУВАЊЕ за секој кој оваа пролет ќе избере дом во Ветрило!